Тимот на StayBe со нивниот СИСТЕМ 4 денес официјално беше прогласен за победник, освојувајќи го првото место меѓу силна конкуренција и покажувајќи високо ниво на професионалност, креативнст и посветеност.

Според организаторите, одлуката била донесена едногласно, поради исклучителните резултати и иновативниот пристап што StayBe го демонстрираше во секој сегмент од натпреварувањето.

„Ова е голем успех и признание за целиот тим. Благодарни сме за поддршката и довербата,“ изјавија од StayBe по прогласувањето.

Победата претставува значаен поттик за идните проекти и потврда дека тимската работа и јасната визија носат вистински резултати.

StayBe продолжува со активности и планови за нови предизвици.

Честитки за заслужениот успех