Татјана Стерјева со емотивна порака за Силјан Мицевски: „Горда сум што секогаш беше покрај мене“

од May 26, 2026 0 коментари

На свеченоста во организација на 24 Ракомет, каде постхумно беше доделено признание за влез во Куќата на славните на македонскиот ракомет, емоционални зборови упати Татјана Стерјева, ќерката на легендарниот битолски ракометен работник Силјан Мицевски.

Во емотивна објава, таа со многу љубов и гордост се потсети на својот татко, човек кој остави длабока трага во македонскиот и битолскиот ракомет.

„Горда сум што секогаш беше покрај мене, ми пружи љубов и ме научи како јас да ја дадам љубовта на сите околу мене. Можеби не секогаш ги слушав твоите совети, но се трудам да го продолжам твојот пат“, напиша Татјана Стерјева.

Постхумното признание за Силјан Мицевски претставува уште една потврда за неговиот огромен придонес во развојот на ракометот, неговата посветеност и љубов кон спортот, кои оставија неизбришлива трага кај многу генерации.

Неговото име останува запишано меѓу најзначајните личности на македонскиот ракомет, а споменот за него продолжува да живее преку делата, вредностите и луѓето кои ги инспирираше.

Babam Bitola

Comments are closed.