Таму ле мајко, близу Битола,

во ореовската густа корија,

Таки Даскалот смело загина

со неговата верна дружина,

со нив загина смела девојка,

млада Елпида Карамандова.
Предадени од клети шпиуни,

ги сардисаа од сите страни,

пушки згрмеа, бомби трештеа,

крвава почна борба нерамна.
Тогај извика Таки Даскалот

на неговата верна дружина:

– Фрлајте бомби, тиран сотрете,

живи во рака не се давајте.
Клети тирани во борба нерамна

сета дружина му ја убија,

Таки Даскалот жив не се даде,

откачи бомба, над неа легна,

самиот крвта си ја пролеа,

за слободата на Македонија.

На денешен ден 3 Мај во 1942 кај село Лавци, Битолско е убиена Елпида (Пида) Ставрева Караманди (псевд. Бисера и Нада), припадник на македонското националноослободително  движење, учесник во антифашистичката борба во Вардарскиот дел на Македонија. Родена во Лерин, Егејски дел на Македонија, на 1 јануари 1920 година. Од раното детство живеела во Битола, каде што завршила гимназија. Како студент од 1938 година била учесник во македонското студентско движење на Белградскиот универзитет.