Судии од Австрија ќе ја делат правдата на дуелот Еурофарм Пелистер – Ним

од October 12, 2021 0 коментари

Еурофарм Пелистер ќе дебитира во групната фаза на ЕХФ Лига Европа сезонава против француски Ним на 19 октомври во 20:45 часот. Дуелот во спортската сала „Боро Чурлевски“ ќе го водат австриските судии Денис Болиќ и Кристоф Хурич. Овие судии последен пат им судеа на битолчани во Шведска во групната фаза на Лигата на шампионите пред две години. На тој дуел во „Пертиле Арена“, Еурофарм Пелистер загуби од Савехоф со 25-24.

Делегат на Европската ракометна федерација (ЕХФ) ќе биде Ајберк Дилмерг од Турција.

Сезонските билети по цена од 1.000 денари за петте домашни натпревари веќе се пуштени во продажба, а деновиве ќе биде означен почеток и на продажбата на поединечните билети за натпреварот против Ним.

Babam Bitola

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *