Група студенти од Ohio State University од Колумбус, сојузната држава Охајо во САД, денеска беа дел од спортската атмосфера во Битола, каде од трибините го бодреа Пелистер.

Студентите престојуваат во Македонија во рамки на нивниот „spring break“, а Битола е една од дестинациите што решиле да ја посетат за време на патувањето. Според информациите, со нив претходно работеле како волонтери тренери Тони Коштрe и Диме Тодоровски.
Денешниот ден тие го поминале и на Пелистер, на Молика, каде направиле заедничка фотографија и се запознале со природните убавини на националниот парк. Во организацијата на посетата се вклучени и ZUCO и туристичката агенција Aries Travel.
Покрај разгледувањето на градот и планината Пелистер, студентите денеска ја почувствуваа и спортската еуфорија во Битола, приклучувајќи се кон навивачите кои го бодреа Пелистер. Нивното присуство предизвика позитивна атмосфера и уште еднаш покажа дека Битола знае да биде добар домаќин за гости од целиот свет.
