Стоматолошките услуги за деца со невроразличност отсега достапни во Битола

од April 2, 2026 0 коментари

Битола прави значаен чекор напред во здравствената грижа, откако стоматолошките интервенции за деца со невроразличност, кои бараат посебен пристап и анестезија, отсега ќе се извршуваат во градот.

Со ова, се става крај на долгогодишниот проблем со кој се соочуваа родителите, принудени да патуваат до Скопје за ваков вид медицински услуги. Новата можност значи помал стрес за децата и семејствата, како и намалување на дополнителните трошоци.

Решението е резултат на заедничка меѓуинституционална соработка, во која се вклучени стоматолог од ЈЗУ Здравствен дом Битола, анестезиолошки тим од Клиничка болница Битола, како и обезбедена функционална медицинска опрема.

Отсега, сите стоматолошки интервенции кои бараат посебни услови ќе се реализираат во Битола, во безбедна и позната средина за децата.

Овој чекор претставува важен напредок во подобрувањето на здравствените услуги и поддршката за семејствата на децата со невроразличност. Во пресрет на месецот на аутизмот, Битола уште еднаш покажува дека се гради како град на грижа, емпатија и достапна медицина за сите граѓани.

Babam Bitola

Comments are closed.