Екипата на Еурофарм Пелистер влезе во ритам во Европската лига и ја запиша третата победа во низа во ова натпреварување, откако славеше и во второто соочување со Татабања за само два дена.
По вчерашните 21-19, вечерва, македонскиот вицешампион долго време бркаше негатива, но ги дочека своите минути и по вистинска драма славеше со 21-24 (11-9), со што ги сочува шансите за пласман во елиминационата фаза. Повторно главни ѕвезди во домашниот состав беа Стипе Мандалиниќ, кој реализира девет пати, додека на голот фантастичен беше Хендави со девет интервенции.
Извор и повеќе на ГОЛ.МК