Потпреретседателот на РК Еурофарм Пелистер, Бојан Стерјев, открива дека клубот веќе работи на нови засилувања со кои екипата може значително да напредува пред новите европски предизвици.
„Преодниот рок за нас не е завршен. Во интензивни преговори сме со уште тројца-четворица ракометари кои можат да го зголемат квалитетот на екипата… Сметам дека со сите засилувања тимот може да биде и до 30 проценти поквалитетен од лани,“ вели Стерјев.
Според него, се разгледуваат засилувања на бековските позиции и на пикерската позиција, а можно е дел од новите играчи да бидат странски ракометари поради тоа што домашните играчи со потребниот квалитет веќе имаат договори со други клубови.
📎 Извор и линк до целото интервју:
https://24rakomet.mk/sterjev-eurofarm-pelister-ke-bide-ushte-posilen/





