Колку значеше убавината од доаѓањето на Новата година и добивањето на подароци кои ние битолчани имавме среќа и ги добивавме од нашиот вистински Дедо Мраз. Немаше дете кое не беше стоплено од неговата насмевка, немаше родител кој не беше восхитен од неговото присуство и појава со неговиот црвено, бел дедомразовски костум… Заради него и ден денес сеуште веруваме во Дедо Мраз, веруваме во тоа дека, баш тој, после полноќ ќе ни донеси поклони и ќе направи наредната година да Ни биде поубава од оваа…. Веруваме така веќе повеќе од половина век… Голема почит Бабец на твоето дело. Ти вечно ќе бидеш нашиот вистински Дедо Мраз, каде и да си !…

Голема, преголема благодарност на Димитри Гина за неговите фотографии и неуморна работа во создавањето на спомените за нашиот град и големите битолчани….