На Балканскиот шампионат во даунхил за 2025 година во Бугарија, кој се одржа на една од најтешките патеки на Балканот – „Витошкото лале“, напиот битолчанец Јовче Даскаловски постигна голем успех. Тој успеа да освои второ место во Мастерс категоријата и да се пласира на 23-то место во вкупниот пласман од вкупно 172 учесници.

Со овој резултат, Битола и Македонија беа претставени на врвно ниво на овој мега балкански настан.

Зад успехот стојат и поддржувачите: Extreme Bike Team Bitola, Nomad-Mobility, Halkbank AD Skopje, Rhino Entertainment и Garmin Macedonia. ❤️





