Голем успех за македонскиот бокс!
Храбриот Ален Рустемовски го освои сребрениот медал на Европското првенство во бокс до 23 години, покажувајќи извонредна техника, борбеност и спортски дух.
Во финалето, Рустемовски се соочи со рускиот боксер Авeтијан и иако загуби по поени, машки ги бранеше боите на Македонија и оствари резултат што заслужува најголема почит.
Вреди да се истакне дека и неговиот брат, Адријан Рустемовски, се закити со бронзен медал, откако исто така беше поразен од руски боксер – доказ дека братскиот спортски дух и талент не познаваат граници!
Ова е редок и голем успех за македонскиот спорт, особено во олимписка дисциплина како што е боксот.
Браќата Рустемовски ја претставија Македонија достоинствено и се вистинска надеж и иднина на нашиот бокс.
Честитки, шампиони!





