hdr

Изворите на сребрена се во близина на с. Крстоар. Мештаните раскажуваат дека изворите биле откриени откако светецот им се јавил на сон. Се повеќе битолчани пијат од таканаречената сребрена вода што извира крај црквичката „Свети Ѓорги“ во близина на битолското село Крстоар. 

Тука се случува тајна која граѓаните не можат да си ја објаснат. Водата не само што е бактериолошки чиста, иако повеќето планински извори од околината се загадени, туку и ако со месеци се чува во шише, ја задржува бистрината. 

 Со ваквите својства стана многу популарна, па може да се каже дека половина Битола оттука полни вода за пиење*. Зимницата правена со оваа вода раскажуваат дека никогаш до сега не им се има расипано. Сребрената вода е опишана како лековита уште од времето на Марко Цепенков. Тој раскажува дека тој што имал мака со очите доволно било со оваа вода еднаш да ги измие и веднаш ќе го почуствувал нејзиниот добробит.

*Дел од текст Жанета Здравковска Дневник

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here