Оваа вежба е дел од активностите во Планот за обуки за 2018 година, кој е донесен во септември 2017 година, а темата е спасување на планина и запознавање со основите на техниката на движење во зимски услови, тактиката за потрага и спасување на лица загрозени од лавини, процедурите при употребата на тимовите за брз одговор укажување на прва медицинска помош, згрижување на повредените и санирање на последиците, како и практична демонстрација на опремата со која располагаат тимовите.

Анализирајќи ја работата на Дирекцијата за заштита и спасување од моето доаѓање на оваа функција, и при тоа увидувајќи ги слабостите во системот на цивилна заштита и неусогласеноста и некоординираноста помеѓу релевантните институции при справувањето со природните и други несреќи, фокусот на вежбата е насочен кон интегрирање на персоналните и материјалните ресурси на надлежните институции, увежбување на координација и комуникацијата, со цел навремено дејствување заради спасување на човечките животи и материјалните добра.

Учесници на вежбата се спасувачки тимови од Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана, Црвениот Крст на Република Македонија, припадници на Федерацијата на планинарски спортови на РМ и други планинарски друштва.

Со почит,
Скопје,27 февруари 2018 година ДИРЕКТОР : Аднан Џафероски

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here