Утрово (20.07.2025) хеликоптер на МВР и припадници на САЕ „Тигар“ успешно спасија повредено лице на непристапен терен кај Видиковец, на планината Баба.

По добиено барање за помош, хеликоптерот „Агуста Бел 212“ со екипа од воздухопловната единица и четворица припадници од САЕ „Тигар“ веднаш се упати на местото. Повредениот беше извлечен за кратко време и предаден на итната медицинска помош од Битола.

Со оваа интервенција, службите на МВР уште еднаш ја покажаа својата пожртвуваност и професионализам.

🔗 Видео од спасувањетоспасувањето

Извор МВР на РМ