„СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА“ ПО 14-ТИ ПАТ – ГОДИНАВА НИЗ „ЗЛАТНИОТ ЧАС“ НА ГРАДОТ

од August 11, 2026 0 коментари

Во четврток, 13 август во 20:00 часот, во фоајето на НУ Центар за култура – Битола ќе биде отворено 14-тото издание на фотографската изложба „Со Љубов од Битола“ 2026.

Годинешната тема е „Битола во златниот час“, а на јавниот конкурс учествуваа 19 фотографи. Жирито во состав Александар Јоначиќ, Горан Кузмановски и Диоген Хаџи-Коста Милевски избра 28 фотографии кои ќе бидат претставени пред битолската публика.

На отворањето ќе бидат прогласени и наградени авторите на трите најдобри фотографии.

📅 13 август | 20:00 часот

📍 НУ Центар за култура – Битола

Изложбата ќе биде отворена до 28 август 2026 година.

Babam Bitola

Comments are closed.