Со срце за хероите: Одигран турнирот во чест на бранителите од Вејце

од April 28, 2026 0 коментари

Денес во Битола, во спортската сала на СОМУ „Д-р Јован Калаузи“, се одржа турнир во мал фудбал посветен на хероите од Вејце 2001 година.

На турнирот учество зедоа осум екипи: СВР Битола, ОВР Прилеп, КПУ Затвор Битола, екипа од ПЕП (припадници на посебната единица на Полицијата), Водот на ПЕП со бранителите од 2001 година, САЕ Тигар, ЕБР и АРМ.

Настанот започна во 11 часот и помина во силна, емотивна атмосфера, каде што секој натпревар беше повеќе од игра, беше израз на почит и сеќавање на осумте бранители кои го загубија животот на 28 април 2001 година.

Присутните со едноминутно молчење им оддадоа почит на хероите, а низ целиот турнир се чувствуваше заедништвото и пораката дека нивната жртва никогаш нема да биде заборавена.

Организаторите упатија благодарност до сите учесници, истакнувајќи дека ваквите настани се важни за да се негува сеќавањето и да се пренесе вистината на идните генерации.

Хероите од Вејце и денес живеат во спомените на народот.
Хероите живеат вечно.

Babam Bitola

Comments are closed.