Вечерта беше посветена на моќта на дувачките инструменти и извонредните дела на македонски и светски композитори, во изведба на:
Дувачки квинтет Македонија – мајстори кои ја збогатуваат камерната музичка сцена со својот уникатен звук.
Дувачки квинтет на Белградската филхармонија – ансамбл кој веќе две децении плени на светските сцени.
Под диригентската палка на Владимир Димовски, селектор на фестивалот, беа изведени дела од Илија Илиевски, Дејан Деспиќ, Андре Капле и две уникатни свити од самиот Димовски, кои го обединија духот на традицијата и современоста.
Оваа вечер не беше само концерт, туку прослава на универзалната моќ на музиката што не поврзува сите нас.
Погледнете дел од атмосферата во галеријата и дозволете да ве понесе магијата на синоќешното финале.
ф
ото | Диоген Хаџи Коста Милевски