Со свечено отворање започна Семинарот за традиционална музика и игра во рамките на „Илинденски денови“

од July 28, 2026 0 коментари

Во рамките на 56. издание на Републичкиот фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“, свечено беше отворен Семинарот за традиционална музика и игра, кој и оваа година собра учесници од Македонија и од странство.

Во наредните денови, семинарот ќе понуди богата едукативна програма посветена на македонската традиционална музика, песна и игра, овозможувајќи им на учесниците да ги надградуваат своите знаења, да разменуваат искуства и непосредно да се запознаат со богатото фолклорно наследство.

Семинарот претставува еден од значајните сегменти на фестивалот, чија мисија е зачувување, афирмација и пренесување на традиционалната култура на новите генерации.

Со вакви содржини, „Илинденски денови“ и годинава ја потврдуваат својата улога како важен простор за негување, изучување и промоција на македонското културно наследство.

Babam Bitola

Comments are closed.