Со работа, многу одрекувања и голема поддршка од семејството секој сон може да стане јаве: Наш битолчанец стана доцент по радиологија на Универзитетската клиника за Радиологија Скопје и Градската општа болница 8-ми Септември

од December 14, 2024 0 коментари

Големо задоволство и чест ми е што започнувам ново поглавје како доцент по радиологија на Универзитетската клиника за Радиологија Скопје и Градската општа болница 8-ми Септември каде што сум вработен.
Патот не беше нималку лесен но со макотрпна долгогодишна работа, многу одрекувања и голема поддршка од семејството секој сон може да стане јаве.
Ова е голема радост но уште поголема одговорност да се едуцираат млади генераци кои се нашата академска ризница и најмоќен двигател на научната мисла.
Благодарам на моите професори и соработници за укажаната доверба и се надевам дека длабоко ќе ги оправдам очекувањата.

Димитар Велјановски

Babam Bitola

Comments are closed.