Големата сала во Центарот за култура – Битола, еден од најзначајните културни простори во градот, доби ново, поелегантно лице. Благодарение на донацијата на компанијата Cosmic Development, обновени се навлаките за седиштата – симболичен, но визуелно моќен потег кој дава ново свежо лице на просторот.


Во оваа сала се одржуваат кино проекции, концерти, промоции, фестивали, театарски претстави, предавања и бројни настани кои го одразуваат културниот живот на градот.

“Партнерството со културата е прашање на визија, не само на донација,” велат од Cosmic Development. “Веруваме во долгорочна поддршка на локалните заедници, особено таму каде што културата се среќава со луѓето.”

Ова е уште еден пример за тоа како приватниот сектор може да биде сојузник во зачувувањето и унапредувањето на јавните културни простори, не само како гледач, туку како активен учесник во создавањето на подобра урбана атмосфера.







