Екипата на данските ракометари од ГОГ ГУДМЕ денеска со капи и нараквици го започнаа нивниот тренинг пред вечерашниот натпревар во 20.45 со екипата на РК Еурофарм Пелистер.
„Толку е ладно во салата шо не боли да дишиме“… му се пожалија на ГОЛ.МК и преку видео ги покажаа условите во спортска сала Боро Чурлевски, популарна како „ладилникот“ помеѓу битолчани.