Пеце Јанкуловски од битолската населба Горно Оризари, повеќегодишен машинист во РЕК „Битола“, со булдожер тешок сто тони правејќи заштитни појаси придонесе да се спасат од големиот пожар селото Паралово и црквата „Св. Ѓорги“ каде е и гробот на војводата Ѓорги Сугарев. Јанкуловски, кој и претходно бил вклучен во гасење пожари, со голема пожртвуваност, преземајќи и ризични потези, со машината во сопственоста на РЕК, на моменти влегувајќи дури и во самиот оган, направи појаси со земјен пат низ шумата со што спречи ширење на огнот.

За да се вклучи во акцијата за спас на Паралово тој се врати од годишен одмор и успеа да го пренесе булдожерот три километри по козји пат, на стрмен кос терен за да гасне на местото каде беше најризично.

Текстот продолжува ТУКА
Жанета Здравковска

Извор СДК.МК


Инаку според еден од учесниците чиј апел и ние го споделивме за да има реакција, Игор Петковски манастирот св. Ѓорги во с. Паралово беше спасен со појас од багер од РЕК управуван од Пеце Јанкуловски и контра оган под водтство на Ченто, Роберто Мапек и Александар и останатите членови од ДПД АРХАНГЕЛ. Роберт Христовски и Кире по потекло од с.Д.Ореово
Селото Паралово е спасено од Пожарникарите на станицата ТППЕ Битола од Битола мештаните фам. Угревски, фам. Митровски фам.Гелевски, фам Миленковски и останати….