Субвенционирана струја и чист воздух за битолчани

Замислете ја Битола зелена! Со проектот “GO GREEN” таква и ќе биде, секоја површина со кал наскоро ќе биде посеана со трева, сите дрвореди обновени, парковите пред зградите зелени. Секој битолчанец ќе има можност да учествува во најголемиот зелен проект на Битола, во соработка со јавните претпријатија, Општината ќе обезбеди разновидни садници и семе за трева за сите заинтересирани граѓани.

Нов градски парк со локација во Нова Битола, односно Брусничко – Лавчанска населба, затоа што со проширувањето на градот се наметна и потребата за изградба на нови паркови каде ќе бидат поставени забавно – рекреативни елементи за најмладите.

Предвидена е и изградба и реконструкција на тротоари, како и поставување на заштитни столбови околу зелените површини и огради на кружните текови. Покрај тоа што немаме доволно тротоари и зелени површини, истите се оштетни, со дупки, земја и кал и во најголем дел се узурпирани за друга намена. Со редовно одржување ќе ги вратиме тротоарите во служба на пешаците, а зелените површини ќе останат зелени.

Ќе покрениме иницијатива за измена на закон со кој битолчани ќе добијат поевтина (субвенционирана електрична енергија) заради последиците кои ги трпи и жртвите кои ги дала и ги дава за цела Македонија да има непречено снабдување со електрична енергија.Битола мора да има затоа што

– Битола ја снабдува 75% Македонија со струја

– Битола е со најголем број заболени од малигни неоплазми

– Битола уште нема филтри на РЕК

65 нови дрвца за Поинаква Битола

Поради тоа што го искористивме просторот на ридот над Битола за бесплатна реклама, денес на истото место засадивме ни повеќе, ни помалку, туку точно 65 млади дрвца.

Поинаку ја започнавме, Поинаку ја завршуваме нашата кампања за локалните избори!