Во времето кога одев на сколија, ко учев само цртање, пеење и фискултура, и ко ништо друго не ме интересираше сем пеењето, имав прочитано негдеки дека сонатата е музичко дело за еден или два инструменти. Таа, палената соната, се состоела од три-четири делој, кој еден со друг се разликувале во темпото и карактеро, ко шо се разликува сонатата за битолските клавири.

Во првио дел од сонатата за битолските клавири, според написо на еден новокомпониран новинар во првите години по ослободувањето, Битола во почетоко на овој век ти имале ни поќе, ни помалце, туку педесетина клавири. Убав податок за да се кажи битолската традиција во времето на конзулите. Арно, ама, десетина години подоцна, еден тогашен претседател на општината ти имал гости од странство, па од ко му кажал дека во Битола ти имала концерт чуената Сара Бернар, во сонатата за клавирите да ти кажи оти Битола имала осумдесе клавири во почетоко на веко.
Арно напрај чоеко пртседател. Во тоа време беше во мода стопанството да го дуплира производството, па оти и бројо на клавирите да не биди тука негдеки. Значи во конзулска Битола имало осумдесе клавири. Арно, ама, десетина години по изјавата на претседатело, во општинските раководства дојде чоек шо уште поќе го интересираше историјата на градо. Ете тој чоек, кој имаше свој гости во вид на делегација, кажа оти Битола во почетокот на овој век, во ерата на конзулите имала сто педесет и четири клавири. Истиот тој се фалеше оти ги знај и куќите шо имаа клавири. Со теко на времето градо растеше, а и бројот на новокомпонираните новинари и политичари. И ко шо е обичај кај сите она шо ќе кажи некој од негде, а посебно од раководно место, податоко треба да се земи „здраво за готово“. Од своја страна новинарите вршат мало заокружување, па следните десетина години Битола се претставува со двеста клавири во почетоко на овој век. Оти, пак, да не?! Кој не верва нека ој – нека брои!
Неодамна седев на маса во ресторано „Корзо“ и еден стар битолчанец, кој ко секој битолчанец, ногу гледа на традицијата на градо, прикажва, оти еден општински функционер сега тврди оти Битола во почетокот на овој век имала четиристотини клавири!
Јасна работа. Така треба, а посебно ако се знај дека затоа музичкото зборот на клавирите не го чини нашето општество (за увез) ни динар.
Само колку ли клавири Битола имаше?! За жал сонатата не е довршена.
Никола Талевски
