Сокотаб донираше современа опрема за спортската сала во ОУРЦ „Кочо Рацин“

од March 25, 2026 0 коментари

ОУРЦ „Кочо Рацин“ упати јавна благодарност до компанијата Сокотаб за значајната донација со која е обновена и опремена спортската сала со нови и современи помагала за физичка активност.

Од установата информираат дека донацијата ќе има големо значење за учениците со попреченост, овозможувајќи им подобри услови за физички развој, зголемена активност и поголема вклученост во секојдневните активности.

„Со оваа поддршка се создаваат подобри услови за работа и напредок на учениците, а истовремено се поттикнува и нивната социјализација и интеграција“, велат од ОУРЦ „Кочо Рацин“.

Од таму додаваат дека ваквите општествено одговорни иницијативи имаат суштинско значење за унапредување на образованието и инклузијата, нагласувајќи дека поддршката од Сокотаб прави вистинска разлика во секојдневниот живот на учениците.

Babam Bitola

Comments are closed.