ОД ПИШАНАТА И ФОТО ДОКУМЕНТАЦИЈА НА КЛИМЕНТ МАЛЕСКИ, протојереј ставрофор во МПЦ

Гимназијата во Битола, тогашна српска гимназија, (денешна Јосип Броз Тито, горната гимназија), отсекогаш била расадник на големи битолски и македонски дејци меѓу кои бил и Климент Малески, кој бил ученик во периодот 1929-1933 година.
 Сликата со број 1  е слика на учениците од генерацијата 1931/32 на која според неговите кажувања треба да се: Мирче Ацев, Илија Милчин, Асен Групче, Владо Малески и многу други македонски револуционери и познати македонски дејци по ослободувањето. Во Гимназијата во Битола во овој период се оформени првите македонски кружоци со револуционерни идеи, со идеи за ослободување и независна Македонија.

Слика 1. Генерациска или класна слика од 1931/32 од Гимназијата во Битола
После I светска војна Битола како и цела Вардарска Македонија паднала под српска власт. Особено после 1921/22 почнало да се оформува организиран живот. Во таа смисла се организирал и црковниот живот. Се разбира за тоа биле ангажирани свештени лица од Србија. Особено владиците биле срби. Во Битола се оформила Српската богословија каде како професори и воспитувачи се назначени луѓе со висок кредибилитет во православната вера и филозофија. Тоа биле луѓе како Јустин Поповиќ, Платон Димик, а особено е битно што како владика доаѓа Николај Велимировиќ. Тој се залагал за школување на свештенички кадар од младите деца од Македонија, се разбира под српско патронство. 

После Октомвриската револуција од Русија биле избегани или протерани многу монаси, кои биле доста образовани. Особено е важно да се напомене дека во Битолската богословија доага и Монахот Јован, кој прво бил во Србија, а потоа е преместен во Битолската богословија каде во тој период (1935-1939) бил ученик и Протојереј ставрофор Климент Малески (родум од Струга). 

Сликите означени со 2 ги илустрираат учениците во богословијата и нивните учители и воспитувачи.

Слики 2. Учениците и учителите во битолската богословија 
 Духовен отец на Климент Малески бил Николај Велимировиќ, а професори Јустин Поповиќ и Платон Димиќ. Како посебен воспитувач на неговата спална соба бил монахот Јован кој покасно станал задграничен руски Владика и прогласен е за светец Св. Јован Шангајски. Некаде во 1992 г.на Климент Малески му беа доставени и посланијата негови на руски, како и фотографија и икона.Истите беа посветени како на негов ученик.

После ослободувањето во Битола се оформува црквата као самостојна со македонски свештеници. Климент Малески и други свештеници од Битола учествуваат на црковно народните собори каде на еден од нив како прв македонски архиепископ   е поставен Архиепископот Доситеј кој секогаш со радост ја посетуваше Битола и црквата Св. Димитрија и Св. Богородица. Прилог се сликите означени со 3 снимени од прочуениот Милтон Манаки, кој бил голем верник. Ова е веројатно во периодот 1955-1960.

Слики 3. Посета на првиот македонски архиепископ Доситеј на Битола и црквата Св. Димитрија

Црквата соработувала со народот кој и покрај комунистичкото време, масовно одел во храмовите. Во склоп на црквата Св. Димитрија делувал црковен хор кој бил составен од видни битолчани. 

Слики 4. Хорот на црквата Св. Димитрија и свештениците во истата црква
Некаде 1967/68 г. свештениците од Битола одат на екскурзија во Цариград и ја посетиле цариградската патријаршија. Во тој период Васеленски патријарх бил Атинагора. Имено, тој како млад свештеник од Солун, бил еден период поставен како Ѓакон во Битола, во црквата Св. Димитрија. Спрема сеќавањата на Климент Малески, кога му се претставиле свештениците тој бил пресреќен и ги примил срдечно. Прилог сликите од средбата со Атинагора.

Слики 5. Посета на битолските свештеници на Цариградската Патријаршија и средбата со Атинагора .
Битола ја посетиле многу црковни великодостојници, што е овековечено со слики од Милтон Манаки. (Слики бр.6)

Слики бр.6

Посета на црковно великодостојници на Битола (сликал Милтон Манаки)
За Битола е битно да се напомени дека во Југословенската црковна делегација која го посетила гробот на Исус Христос и сите свети места во Палестина, Египет и Либан, како делегат бил Климент Малески кој го носел крстот по патот ВиаДолороса. Прилог слики 7 направени на христовите патишта, црквата на светиот.гроб, распетието.

 7.Слики од Посетата на Палестина, Египет и Либан
Во продолжение сликите 8 има писмо до Климент Малески од Палестина  со кое му се испракаат фотографии, за кое е карактеристично што е испратено до црквата во Македонија.

 8. Писмо од Палестина на арапски јазик каде се обраќаат до црквата во Македонија
Значајно е да се напомене дека прв Владика битолчанец бил Владиката Климент познат во народот  како Бабаче, кој бил особено сакан од битолчани. 

Прилог слика со една генерација богословци од богословијата во Призрен, сликано пред митрополијата во Битола.

9. Пред митрополијата во Битола

Текст и слики Симона Атанасовски, Методија Атанасовски
Considerations about the aspect of church life in old Bitola

High school in Bitola, former Serbian high school (today Josip Broz Tito, the upper high school) has always been a source of great Bitola and Macedonian activists among them Clement Maleski, who had studied in the period 1929-1933.

Image No. 1 is a picture of the students from the generation 1931/32 which according to his accounts should be: Mircea Acev Elijah Milčin Asen Grupce Vlado Maleski various Macedonian revolutionaries and famous Macedonian activists after release. In high school in Bitola during this period formed the first Macedonian circles with revolutionary ideas, with ideas of liberation and independent Macedonia.

Figure 1. Generation or class picture from 1931/32 Gymnasium in Bitola

After World War I Bitola as a whole Vardar Macedonia came under Serbian rule. Especially after 1921/22 began to take shape organized life. In this sense, he organized and church life. Of course it had been engaged clergy from Serbia. Especially the bishops were Serbs. In Bitola formed Serbian seminary where as professors and tutors are recruited people with high credibility in the Orthodox faith and philosophy. They were people like Justin Popovic, Platon Dimic and is particularly important as a bishop comes Nikolai Velimirovic. He advocated education of clerical staff of young children from Macedonia course under Serbian auspices.
After the October Revolution of Russia escaped or were expelled many monks who were very educated. It is particularly important to note that in Monastir seminary comes monk John, who was first in Serbia and then moved in Monastir seminary where at that time (1935-1939) was a disciple Reverend Reverend Clement Maleski (born in Struga).
Photos tagged with 2 illustrate seminary students and their teachers and tutors.

After the liberation in Bitola formed church som independent Macedonian priests. Clement Maleski and other priests from Bitola part of the church where the popular overthrow of one of them as the first Macedonian Orthodox archbishop appointed Archbishop Dositej who always gladly visited Bitola and church. And St. Demetrius. Mary. Attachment 3 pictures set recorded by the famous Milton Brothers, who was a great believer. This is probably in the period 1955-1960.
Church worked with the people despite the communist-era mass went to the temple. Within the church. Dimitri acted church choir which was composed of prominent citizens of Bitola.

Picture no 4. The choir of the church. Dimitri and pastors in the same church
Somewhere 1967/68 Bitola priests go on an excursion to Istanbul and visited Constantinople Patriarchate. During that period, Ecumenical Patriarch Athenagoras was. Namely, that as a young priest from Thessaloniki, he was a period set as Deacon in Bitola, at St. Dimitri. According to the memories of Clement Maleski, when he presented the priests he was overjoyed and received cordially. Appendix images from meeting with Athenagoras.

Visit the church dignitaries Bitola (painted Milton Brothers)

Bitola is important to note that the Yugoslav church delegation visited the tomb of Jesus Christ and all the holy places in Palestine, Egypt and Lebanon, as a delegate was Clement Maleski to bear cross the road ViaDolorosa. Annex 7 photos taken of Christ’s roads, the church of  holy grave crucifix.