Во организација на Општинската конференцја на ССММ (Комисијата за работа со пионери) и Општинскиот совет за грижа и воспитување на децата во околината на Планинарскиог дом „Копанки“ се одржа манифестацијата „Снежен град 80“.

Во првиот „Снежен град“ зедоа учество екипи од повеќе основни училишта во Општината. Битолските основци два дена се натпреваруваа во изработка на фигури од снег по свој избор. Организаторите на оваа привлечна манифестација обезбедија бесплатен превоз до Пелистер, така што натпреварите ги следеа голем број млади љубители на зимските спортови од нашиот град. Посетителите воопшто не зажалија што дојдоа во „Снежниот град“, зашто таму имаше навистина што да видат. Некои од остварувањата на учесниците беа вистински мали ремек-дела кои предизвикуваа восхит кај сите посетители.

На сите учесници на „Снежниот град“ организаторите им доделија спомен дипломи а на авторите на трите најдобрите снежни фигури скромни награди.

Битолски весник ’80

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here