„СМРТТА ГО ПРЕКИНУВА ЖИВОТОТ, НЕ И ПРИСУСТВОТО“ – ГИМНАЗИЈАТА „ЈОСИП БРОЗ ТИТО“ СЕ ПРОСТУВА ОД ИВАНА НЕДАНОВСКА

од • September 20, 2026 • 0 коментари

Со огромна тага, СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Битола се простува од својата ученичка Ивана Недановска, чиј млад живот прерано згасна.

„Особено е тешко кога смртта ќе дојде по млад човек. Зашто сè што знаеме за младоста нè учи дека пред неа има време, дека патишта се многу и дека најважното допрва треба да дојде“, стои во емотивната порака на училиштето.

По Ивана останува празнина во нејзиниот клас, меѓу другарите, наставниците и сите кои ја познаваа. Празно место кое, како што велат од Гимназијата, никогаш нема да биде само празнина, туку место што ќе го чува нејзиното име и споменот за неа.

„Едно место. Еден глас. Едно име во дневникот. Едно лице меѓу многу млади лица. И дури кога едно од нив ќе исчезне, разбираме дека никогаш не било само едно меѓу многуте. Било свое. Единствено. Незаменливо.“

Учениците, наставниците, стручните служби, раководството и сите вработени во СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Битола изразија најдлабоко сочувство до семејството и најблиските на Ивана.

Почивај во мир, Ивана. 🕊️

Искрено сочувство до семејството, другарите, соучениците и сите кои ја познаваа.

Babam Bitola

Comments are closed.