Автор: /
Медиум: „Екран“ – прилог за ТВ, филм, радио и естрада
Бр. на издание: број 21
Датум: 10.4.1971

Веруваме ќе се согласите дека сценаристот и режисерот на „Времиња и ритми“, Ацо Алексов не можел да пронајде понеобичен амбиент за снимањето на портретот на кантавторот Славе Димитров. По „нормалните“ амбиенти во кои се снимени емисиите посветени на Димитар Масевски и Александар Kopaќ, Алексов го смести Славе Димитров во – средновековен амбиент, сиот обвиткан со пранги! Уште почудно е, можеби, што Славе, кој во емисијата е водител, како и сите негови гости – ќе интерпретираат песни од современиот забавно-музички репертоар!

Главната ѕвезда во тој средновековен, мрачен и страстен амбиент, Славе Димитров, во еден момент, на крајот од емисијата, ќе извика – Симнете ми ги прангите да ја запеам „Битола, бабам Битола“!

Гостин во „Портретот на Славе Димитров”, чие емитување се очекува на 28 април, се: Сашка Петковска, Сенка Велетанлиќ, Вера Јанкова, Нина Спирова, Зоран Милосавлевиќ и Диме Поповски. Автор на емисијата е Ацо Алексов, а снимател Добри Јаневски.

(Објавено во „Екран“ – прилог за ТВ, филм, радио и естрада, бр. 21 од 10.IV.1971)

ВБУ Музички Регистар