Игор Џамбазов е еден од оние скопјани што во Битола никогаш не се чувствуваат како гости, туку како свои. Со години наназад, битолчани го пречекуваат со насмевка, аплауз и искрена љубов, без разлика дали станува збор за театар, музика или едноставно добра дружба.

Но, како што знае животот да напише и убави и помалку убави страници, токму во Битола му се случи и една немила случка која остави трага. Од таа приказна, со многу иронија, емоција и неговиот препознатлив хумор, се роди песната „Скопјанец во Битола“, песна што денес се пее со насмевка, а во себе носи вистинска животна епизода.

Премиерната изведба беше на големиот концерт во Арена Борис Трајковски пред 13 години, кога Џамбазов пред преполна сала ја сподели оваа приказна преточена во музика. Публиката реагираше како што само знае, со смеа, аплауз и препознавање.

„Скопјанец во Битола“ не е само песна. Таа е мал мост меѓу двата града, малку шега на своја сметка и уште еден доказ дека уметноста најдобро се раѓа од вистински доживувања.

Да го поздравиме и го чекаме пак да дојди, а Битола, како и секогаш, останува град што знае да сака.

,,Скопјанец во Битола ” денес премиерно само за вас.