Ски центарот „Стрежево“ денес понуди вистинско зимско доживување, обвиен во снежна атмосфера и свеж планински воздух. Иако снежната покривка е мала, таа беше сосема доволна за да се задоволат најмладите, кои со санкање и детска радост го исполнија просторот околу центарот.

Бројни посетители го искористија денешниот ден за прошетки, престој во природа и краток одмор од секојдневните обврски. Насмеани лица, семејна атмосфера и мирот на планината ја одбележаа денешната слика од овој дел на Баба Планина.

Нижеполе, и овојпат, се покажа како омилена зимска дестинација за битолчани, нудејќи природен амбиент и можност за уживање во зимската магија, дури и со скромна снежна покривка.

Ски центарот „Стрежево“ останува препознатливо место за рекреација и дружење, потврдувајќи дека за добро зимско расположение не е потребен многу снег, туку вистинска атмосфера и љубов кон природата.






