Ски центар Копанки информира дека од денес, понеделник (2 март), па сѐ до петок (6 март) центарот нема да работи.

Од управата на центарот соопштија дека, доколку временските услови го дозволат тоа и се создадат услови за скијање, претстојниот викенд – на 7 и 8 март – би можел да биде последниот викенд од оваа зимска сезона кога љубителите на снегот ќе имаат можност да уживаат на стазите на Пелистер.

„Се надеваме на уште еден убав викенд на снег, заедно со сите посетители кои оваа сезона ја избраа Копанки за зимска рекреација“, велат од Ски центарот.

Од таму упатија благодарност до сите посетители за разбирањето и поддршката во текот на сезоната, со најава дека дополнителни информации за работата на центарот ќе бидат објавувани на нивните официјални канали.