Ски центарот Копанки на Пелистер официјално ја заврши скијачката сезона

од March 6, 2026 0 коментари

Ски центарот Копанки на Пелистер официјално ја заврши скијачката сезона, информираа од раководството на центарот. Причина за затворањето се високите температури и недостигот на соодветни услови за скијање на патеките.

Од Ски центар Копанки им се заблагодарија на сите посетители кои оваа зима ги посетија падините на Пелистер и беа дел од скијачката атмосфера. Како што велат, сезоната беше исполнета со дружење, спортски дух и љубов кон скијањето.

„Ви благодариме на сите што ја поминавте оваа зима со нас и што создадовте прекрасна атмосфера на Копанки. Се надеваме дека следната сезона ќе донесе уште повеќе снег и уште повеќе убави моменти на стаза“, порачуваат од ски центарот.

Со ова официјално се затвора скијачката сезона на Копанки, а љубителите на зимските спортови повторно ќе се вратат на падините на Пелистер следната зима.

Babam Bitola

Comments are closed.