Ски центарот ,, Копанки“  е свечено пуштен во употреба на 04.11.1975 година по повод денот на ослободувањето на градот Битола, со пуштање во употреба  на жичарницата од  потегот на месноста ,, Бегова Чешма” до локалитетот ,,Копанки”.

Комплетната изградба на жичарницата  во тој период е како резултат на волјата и желбата на граѓаните од Битола, кој преку референдум за месен самопридонес на општината Битола  со средства на граѓаните на општина Битола беше реализиран комплетниот проект и поставена комплетната конструкција од производителот ,, Помагалски ,, –  Гренобл – Франција.

Во истиот период  беше поставен и детскиот Ски – Лифт ,,Пионир” кој се наоѓа во потегот од локалитетот Седум кладенци – до патот и почетокот на жичарницата на локалитетот ,, Бегова  Чешма”. Мора да се истакне дека овој Ски лифт  во моментот е комплетно запоставен и зараснат со бујна вегетација. 

Транспортот на двете постројки беше извршен со помош и во организација на транспортното претпријатие “Транскоп” Битола – меѓународен транспорт и шпедиција, додека сите неопходни царински формалности , подготвувањето на целокупната документација  за  увоз на постројките беше организиран од страна на членовите и претседателот на Скијачкиот Клуб Пелистер од Битола.

Свечената употреба на двете постројки беше на 04 Ноември 1975 година , во присуство на голем број гости и претставници на општината и републиката, го пушти г-дин Љупчо Спирковски член на Скијачкиот Клуб Пелистер од Битола и репрезенативец  во скијање на Република Македонија.