Ски центарот Копанки, во срцето на Националниот парк Пелистер, официјално ја отвора ски сезоната и ги поканува сите љубители на зимските спортови да уживаат во првите снежни денови на планината.

Во првата фаза од сезоната, во функција ќе биде горната ски стаза кај ски-лифтот, која ќе работи во петок, сабота и недела, во периодот од 09:00 до 15:00 часот.

Особено внимание привлекува промотивниот почеток во петок, кога скијањето ќе биде бесплатно за сите посетители, како дел од официјалното отворање на сезоната.

Од Ски центар Копанки информираат дека условите на терен се одлични и ги повикуваат граѓаните на Битола, но и посетителите од целата држава, да ја почувствуваат вистинската зимска атмосфера на Пелистер.

Организаторите, во соработка со Хотел Молика Пелистер, најавуваат динамична и успешна сезона, со фокус на безбедноста, квалитетната услуга и уживањето во природните убавини на Пелистер.