Во мај 1993 година, Битола повторно била центар на детската музика со одржувањето на Детскиот музички фестивал „СИ ДО Битола 93“. Фестивалот се одржал во Домот на културата и спортската сала „Младост“, а низ сцената поминале десетици млади таленти кои тогаш ги направиле своите први музички чекори.

Фестивалските вечери се одржале на:
• 14 мај 1993 година во 20 часот – Дом на културата
• 15 мај 1993 година во 20 часот – Дом на културата
• 16 мај 1993 година во 10 и 12:30 часот – спортска сала „Младост“

На програмата имало 22 детски песни, а меѓу учесниците биле:
Здравко Кеврешан со „Принц од бајките“, Весна Дамјановска со „Љубов во мај“, Христијан Петковиќ со „Шампион“, Ивана Кеврешан со „Страшен сон“, Панде Павловски со „Наставничке пријателке“, Марија Талевска со „Битола“, Анета Лумановска со „Среќна сум“, Петар Поповски со „Вистински ас“, Васко Хаџиев со „Сега станав тип“, Маја Ристевска со „Тешко мене“, Игор Лавчановски со „Симпатија“, Весна Каровска со „Збогување“, Елена Андреевска со „Прва љубов“, Томислав Спировски со „Ана“, Јасмина Секуловска со „Без другар тешко е“, Петар Велјановски со „Мувичка“, Јулијана Георгиевска со „Заради тебе Зоране“, Иван Боговски со „Метро и жилет“, Лилијана Трајковска со „Стрипови“ и Лидија Милевска со „Слободно сонце“.

Во групните изведби настапиле Билјана Новачевска, Елена Митревска, Весна Димовска и Анела Видановиќ со песната „Запејте“, како и Дона Малковска, Борислав Тноковски, Владимир Марковски и Јасмина Коцевска со „Сакаме да пееме“.
Фестивалот бил поддржан од голем број битолски компании, институции и донатори, меѓу кои Жито Битола, Пелистерски очи, Осигурување Македонија, Гранит, Фринко Холдинг, Монтимг, Фустеларко Борец, МРТВ, Водовод Битола, Квасара, Транскоп, Инекс Турист, Битолска пивара, Прилепска пивара и многу други тогашни стопански гиганти.
Ова старо фестивалско ливче денес е вистинска временска капсула за едно поинакво време, кога Битола живееше со детската музика, а СИ ДО беше место каде започнуваа многу детски соништа.
Исечоци од весник пратени од Христина Трифуновска Тодоровска
