Со културни настани, концерти, изложби, спортски активности и оддавање почит на борците, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот.

Празничната програма започна на 30 октомври и ќе трае до 10 ноември. Во продолжение е распоредот според објавената програма:
📅 30 октомври, петок
• 16:00–20:00 часот: 20. традиционален кугларски турнир, спортска сала „Боро Чурлевски“.
• 18:00 часот: Отворање на Интернационалниот фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“, мала сала на Центарот за култура.
• 20:00 часот: Концерт на Бојана Скендеровски, Центар за култура.

📅 31 октомври, сабота
• 11:00 часот: Фестивал „Камера 300“, мала сала на Центарот за култура.
• 16:00–20:00 часот: Традиционален кугларски турнир, спортска сала „Боро Чурлевски“.
📅 1 ноември, недела
• 08:00 часот: Офроуд тура на клубот „Пелистер“ по повод ослободувањето на Битола, со поаѓање пред зградата на Општината.
• 16:00–20:00 часот: Традиционален кугларски турнир, спортска сала „Боро Чурлевски“.
📅 2 ноември, понеделник
• 16:00–20:00 часот: Традиционален кугларски турнир, спортска сала „Боро Чурлевски“.
• 17:00 часот: Настан на ЈОУДГ „Мајски цвет“, Офицерски дом.
• 19:00 часот: Документарен филм за Ајри Демировски „Битола мој роден крај“, во организација на Македонско-турското здружение „Мустафа Кемал Ататурк“, кино „Манаки“.

📅 3 ноември, вторник
• 16:00–20:00 часот: Традиционален кугларски турнир, спортска сала „Боро Чурлевски“.
• 18:00 часот: Свечено отворање спомен-соби во чест на професор Александар Стерјовски, Офицерски дом.
• 18:00 часот: Традиционална атлетска трка во организација на Општинскиот сојуз на спортови Битола, плоштад Магнолија.
• 20:00 часот: Слушачка промоција на винил-плочата „Полноќни приказни од Офицерскиот дом“, Офицерски дом.

📅 4 ноември, среда
• 10:00 часот: Положување цвеќе пред Споменикот на НОАВМ, плоштад Гоце Делчев.
• 10:30 часот: Положување цвеќе пред споменикот на Стив Наумов.
• 11:00 часот: Положување цвеќе на Партизанските гробишта.
• 10:00–18:00 часот: Музички маратон на Државното музичко училиште, Офицерски дом.
• 10:00–14:00 часот: Крводарителска акција на ОО Црвен крст Битола, во Општина Битола.
• 11:00 часот: Прием на делегации од збратимените градови, кабинет на градоначалникот.
• 16:00–20:00 часот: Традиционален кугларски турнир, спортска сала „Боро Чурлевски“.
• 19:00 часот: Свечена академија и доделување на наградата „4 Ноември“, Центар за култура.
• 20:00 часот: Музичко-сценски перформанс „Полноќни приказни во Офицерската палата“.

📅 5 ноември, четврток
• 12:00 часот: Концерт „Нашата Битола, нашата музика“ на СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“, плато на Офицерскиот дом.
• 19:00–20:00 часот: Затворање на кугларскиот турнир и доделување награди, спортска сала „Боро Чурлевски“.
• 20:00 часот: Ноемвриска изложба на Друштвото на ликовни уметници Битола, Магаза.
📅 6 ноември, петок
• 19:30 часот: 26. детски музички фестивал „Тра-ла-ла“, Центар за култура.
• 20:00 часот: Самостојна изложба „Сонувани хоризонти“ на Дијана Колонџовска, кафе-бар „Тигре“.
📅 7 ноември, сабота
• 19:00 часот: „Музика и слово“, концерт на македонски и хрватски автори, во организација на МХД Хрватски културен центар „Марко Марулиќ“ Битола, Офицерски дом.
• 20:00 часот: Изложба „Архетип: ’рбет, гибел и дебели плешки“ на Марија Нешкоска, Алтернативен галериски простор.
📅 9 ноември, понеделник
• 12:00 часот: Промоција на филмот „Стари снимки, нови кодови“, аудитивно визуелизирање на филмовите на браќата Манаки, кино „Манаки“.

📅 10 ноември, вторник
• 20:00 часот: Театарска претстава „Татко“, во режија на Благоја Мицевски, нова сцена на Народен театар Битола.
Битола се сеќава, создава и ја слави слободата. 🇲🇰
