СИНПЕКС слави 35 години постоење – организира прв роденденски саем во Битола
Компанијата СИНПЕКС, позната по својата долгорочна посветеност на обезбедување машини што ја движат иднината, годинава одбележува 35 години работа. По тој повод, компанијата организира прв роденденски саем, кој ќе се одржи на 17 мај (сабота), на ул. Воден 17 во Битола, со почеток во 08:30 и траење до 18:00 часот.

Настанот ќе понуди:

Ексклузивна можност да се видат машини што за првпат се претставуваат одблиску

Попусти до 35%

Подароци, изненадувања, храна и пијалоци за посетителите

И најважното – непосреден контакт со тимот на СИНПЕКС, каде што посетителите ќе добијат збор, не само понуда

Под мотото „Машини што ја движат иднината“, СИНПЕКС ја истакнува својата улога на партнер на луѓето што не бегаат од работа, туку ја почитуваат – било да се тоа земјоделци, градежници, занаетчии или индустриски работници.

Саемот не е само прослава, туку и порака на благодарност кон сите кои низ годините ја градеа иднината заедно со СИНПЕКС.