Синан Десоецо – човекот кој ја предвидувал судбината

од September 6, 2025 0 коментари

Синан Сами Усеин – Десоецо, по потекло Турчин од селото Десово, прилепско, живеел на Црн Мост во Битола и починал во 1952 година. За него се верува дека имал необична дарба – да согледува минати случувања и да предвидува настани што допрва ќе се случат.

Бил многу правичен човек и со своите совети им помагал на сите, без разлика на вера или нација. Се сожалувал на тие што биле во мака, но знаел и да ги прекори оние што биле наперени. Кај него доаѓале луѓе со свои маки и надежи – за да чујат совет и насока.

Една позната приказна зборува за Иван Водејнчаро, дедото на Коле Адвокато, кој бил замолен од пријател да го однесе кај Десоецо. Иван бил скептичен и не верувал во „такви работи“. Но, штом влегле, Синан му рекол: „Ела и ти, шо не верваш во мене!“
Потоа му предвидел дека дома ќе најде новородено теле со нишани и на главата и на ногата – што навистина се исполнило.

Поради ваквите негови способности, и денес меѓу битолчани живее изразот:

„Де бре, ти ко Десоецо да си!“ – кога некој ќе погоди или предвиди нешто.

„Е, од кај да знам, јас не сум Десоец!“ – кога некој нема одговор на прашање.

Иако не секој знае кој бил човекот зад овој израз, сите го знаат неговото значење – мудрост, предвидување и вистина.

Babam Bitola

Comments are closed.