Се трага по корените на фамилијата Рушаки од Битола

од March 26, 2026 0 коментари

Граѓанин објави јавен повик во обид да дојде до информации за потеклото на неговото семејство Рушаки (Rusâki / Rushaki), за кое се претпоставува дека има влашко (ароманско) потекло, најверојатно од селото Магарево.

Истражувањето започнало поради желбата да се откријат семејните корени, особено по смртта на дедото, кој повеќе не може да ги сподели овие приказни.

Како дел од достапните траги, поседува разгледница од 1939 година, испратена од Битола, на која може да се прочита:

„…Со голема радост и честито нове година 1939 ви го честитаме… ве поздравуваме…“

Разгледницата е адресирана до Павле и Пашку Рушаки, што укажува на нивното присуство во Битола во тој период.

Дополнително, постојат податоци за надгробна плоча на Марија С. Рушаки, која починала во 1947 година во Битола, на 85-годишна возраст.

Се апелира до сите граѓани кои можеби имаат информации за оваа фамилија, за нејзините членови или за локацијата на нивниот дом во Битола, да се вклучат и да помогнат во расветлување на оваа семејна историја.

Секоја информација може да биде значајна во сложувањето на мозаикот на едно битолско семејство и неговите корени.

Babam Bitola

Comments are closed.