На денешен ден, пред толку многу години, светот ја изгуби музичката дива од Битола – Сашка Петковска. Со глас што проникнуваше во срцето и стил што оставаше длабок ехо, таа не беше само пејачка, туку вистинска легенда.
Со песни како „Бакни ме“, „Чао, адио“, „Никогаш, никогаш“, таа ја осветли музичката сцена и ни даде нешто што зборовите не можат да го заменат.
Денес се сеќаваме. Го потсетуваме градот на нејзиниот неисчерлив талент и на љубовта што ја носеше во секој тон.

Текст од весникот:
ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА ПАТОТ КУМАНОВО – СВЕТИ НИКОЛЕ
ДЕВЕТ ЖРТВИ ВО КОБЕН СВИОК
Во несреќата што се случи завчера погинаа: Валентина Алексовска, Билјана Здравков, Перса Икономска, Венко Панговски, Никола Петковски, Сашка Петковска – Шишкова, Владо Станковски, Томо Трифун и Драгомир Жикиќ – сите од Скопје.
Сообраќајната несреќа се случила кога тешкото товарно возило–цистерна со грчки регистарски ознаки го изгубило управувањето на свиок и ги покосило патниците кои се враќале од комеморативен собир и одеднаш паднале под неговата маса.
Повредени
Во Кумановската болница на лекување се задржани: Љубица Петковска, Станка Ацковска, Даница Јанковска, Славко Гечевски, Слободанка Милковска, Славица Ристовска, Јованка Петревска и Јасмина Јанковска – сите од Скопје, како и грчкиот државјанин возач на цистерната.
Со полесни повреди во домашни услови се лекуваат: Зорица Јовановска, Јулка Куртевска и Блага Петревска.
Весник Вечер, 31.08.1983 г





