​Во непосредна близина на „Транскоп“-погон Битола изградена е нова бензиска помпа. Капацитетот на новата помпа изнесува 100 тона нафта, 20 тона супер и 20 тона обичен бензин, а за нејзината изградба потрошени се 35 милиони динари, од кои 10 милиони се добиени од средствата на Осигурителниот завод во Битола предвидени за превентива. Овие средства „”Транскоп“-погон Битола ќе ги врати за три години. 
Со пуштањето на новата помпа во голема мера ќе се водобри снабдувањето на возилата со гориво. Помпата ќе биде јавна и тука ќе можат да добиваат гориво сите видови возила. Исто така тука ќе работи и сервисна работилница со што на возилата ќе им се овозможи лесни поправки, До помпава ќе работи и експрес-бифе. 
На свеченото пуштање во работа на новата помпа, пред поголем број јавни работници од градот, лентата ја пресече директорот на „Транскоп“ -погон Битола, Димитар Димитровски. Потоа, на првата кола „Москвич”  рег. број БТ 17-29 на Лазо Ласовски, и  беше даден бензин бесплатно. 


Ha сликата: Новата бензиска помпа на „Транскоп“ Битола ” 

Извадок од “Битолски весник”