Културниот живот на Битола и битолчани севкупно го сочинуваат и познатите ресторани во кои во вечерните часови се слушаат звуците на народната, забавната и класичната музика. Битолчани одамна се познати љубители на добрата пајачка но исто така и големи обожаватели на убавата музика. Тие секогаш вечерите часови имаат минато и ги минуваат шетајќи низ познатото ‘Корзо’“ на градскиот парк, за да нa крај, се вратат во некој од рестораните со убава музика. Вака е и оваа пролет. Рестораните и кафаните се преполни и тешко е да се најде место за некој закаснет посетител. Се пие (во границите на дозволеното) и се развива дискусија за разновидни теми. Терасата на хотелот ‘Епинал“ секоја вечер е преполна како и терасата на ресторанот ‘Корзо” каде што по сите кажувања има добра музика, музика по сечии вкус. Овде свири Боцкино со неговата тајфа (кажано по битолски). Тој е виртуоз на виолина е во состојба да изводи секаков вид на музика : народна, забавна и сериозна и грчка (бузуки) и заради оваа причина е атрактивен за посетителите и е баран како во Битола така и во туристичките центри на приморјето. Но тој им останува верен на своите битолчани. Поточно од оваа причина двата локали на овој ресторан до касните вечерни часови се преполни во гости и доколку престојувате меѓу овие посетители, особено меѓу оние средовечните ќе го слушнеш нивното мислење a потоа и протестот зошто оваа музика не се изведува во летната бавча на Тумбе кафе каде има прекрасно опкружување, ширина и амбиент, туку во центарот на градот и така му пречи на оние кои одлучиле овие часови за одмор да ги минат дома?  Можеби имаат право затоа што во овие прекрасни вечерни часови Тумбе кафе со својот прекрасен амбиент со расцветаните липи и багреми пружаат услови за одмор и рекреација и е вистински рај за обожавателите на природата и добрата музика, за оние што сакаат вечерните часови да ги минат во овие природни убавини и да соберат сила зa наредниот работен ден. 

На Битола и битолчани природата им дарувала се што има и што можела, но како ќе се користи таа зависи од самите битолчани. особено од оние што го организираат забавниот живот во градот. 

BITOLA TOUR GUIDE / ПРЕВЗЕМЕТЕ ТУКА _____________________________________________________________________________________

Од друга страна. ваквата организации на ноќниот живот може да има уште едно доста големо значење. Навистина Битола како крстопат на патиштата кои водат кон нашите туристички центри Преспа и Охрид како и оние меѓународните што водат до соседна Грција, патниците можат да останат во Битола каде по посетата на значајните споменици на Битола ќе им се понуди и пријатен престој и сето ова севкупно е битно зa Финансиокото работење на хотелските работни организации “Македонија”. 

Некогашни сеќавања од архивата на нашиот град, текст Кенан Хасани…

Благодарност до Слободан Димитров и фамилијата на Боцкино кои направија да ни бидат достапни овие материјали и фотографии…

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here