За Михаил Пема, газда на едно од најстарите кина во Битола,
бевме слушнале поодамна. Повеќе месеци се обидувавме да воспоставиме контакт со него, но неговите години и болестите што го нападнаа, постојано ја оневозможуваа таа средба.

Конечно, на 20 септември оваа година, на вториот кат од една стара битолска куќа не прими Михаил Пема, неподвижен, но подготвен да ја расправа историјата на битолските кина. Не ја криеше радоста што, ете, “луѓето не го заборавиле”, што и кај
нас има Кинотека која треба да ги извлече од заборав сите стари кинации…”.

Сеќавањата навираат како река. Само одвреме навреме ќе се поза-
мисли за да уточни некој важен детаљ или име. До вратата со насмеано лице не гледа Ширли Темпл -кукла од картон во природна големина. “Таа стоеше пред киното, вели чичко Пема, сите ја сакаа,па за филмовите во кои играше таа немаше празно место во киното. Но настрана тоа, ајде сега, по ред,да ја раскажеме историјата.

Во Битола, првиот кинематограф го отворија Чомовци, мислам околу 1910 година. Поточно,ортачки го отворија Константин Чому и Наум Гогу. Киното го монтираа во зградата на Турскиот театар.
Првите филмови беа вистинско чудо. Битолчани велеа: “Луѓе што
излегуваат од платно и мрдаат со електрика”. Тие филмови беа кратки – од 150 до 250 метри.

Програмата содржеше по неколку
кратки филмови – излегување на работници од фабрики, влегување на воз во станица, потоа некои улици во Париз и слично. Инаку, овие филмови доаѓаа од Франција, а мислам дека кинопроекторот на Чомовци беше, исто така од Франција, ако не се лажам од фирмата “Pathe freres”.

Една година подоцна почнаа да се прикажуваат подолги филмови сега нивната метража се движеше од 600 до 800 метри. И содржината почна да се менува – се појавија првите комични филмови. Кога започна војната киното престана да работи. Апаратите останаа во театарот.

Во 1919 година, по завршувањето на војната, браќата Манаки, заедно со Чомовци и со Лазо од Цапари, доселеник од Америка отворија кино во кафеаната што се наоѓаше во зградата на сегашниот Драгстор. Изгледа дека работата не одеше најдобpo, па набрзо ова кино беше затворено. Подоцна киното го пре-
зеде Пане Напески од Прилеп.

Татко ми, брат ми и јас држевме голем кондураџиски дуќан. Му. предложив на татко ми да отвориме кино Имавме пари за да купиме апаратури и сè друго што е потребно за едно кино, но не знаевме како да го решиме проблемот со зграда. Татко ми, Анастас Пема, кој беше одборник во Битолската општина, разговараше со претседателот на Општината бившата Српска и успеа да ја добие под наем зградата на гимназија. Оваа зграда се наоѓаше во дворот на театарот. Малку ја подотеравме и оспособивме за кино. Татко ми отиде Виена и оттаму го купи двојниот проекционен апарат “Herlango”.

Исто така од Виена набави мотор со
Динамо и киностолчиња. Во Виена то остана неколку месеци и во Битола се врати некаде кон крајот на месец март 1920 година. Веднаш започнавме со монтирањето и така на 20 април 1920 година, на Велигден се одржа првата претстава во нашето кино.

Посетата беше невидена. Киното го нарековме “Белград”. Прв киноапаратер во ова кино беше некој си Вангел, за презимето не си спомнувам, кој се разбираше нешто од таа работа. Но, човек да не виде дефект. На втората проекција апаратот наполно онеме. За публиката да не ви расправам – почнаа протестирања.

Тука се најде еден шофер по име Лаки, па и тој почна да разгледува и на крајот установи дека во моторот се потрошил бензинот.
Ние во фамилијата си ја поделивме работата. Татко ми и брат ми Димитар го водеа киното, а пак јас дуќанот. Така одеше работата од 1920 до 1925 година. Во 1925 година брат ми загина во еден несреќен случај, па така јас го презедов раководењето на киното и останав. Две години подоцна умре и татко ми, Сам бев и како раководител
како сопственик на киното.

Некаде во 1927 година во Битола дојде артистот Даниловик, кој гостуваше во театарот, и тој ми понуди комплетно кино во Ниш, кое било затворено поради тоа што немало кој да го раководи или да
го земе под наем. Размислив и решив да го земам под наем. Раководењето со киното во Битола й го доверив на сестра ми Флора,
а јас со двајца помошници (едниод од нив беше киноапаратерот Јанко) заминав за Ниш. Така од крајот на 1927 година имав две кина -киното “Белград” во Битола и киното “Европа” во Ниш.

Наскоро во Белград се појавија првите тон филмови. Публиката почна да бара нешто ново и интересот за немиот филм брзо почна да опаѓа. Бидејќи немав доволно финансиски средства за да
набавам тон апаратура, работата почна многу лошо да ми оди.
Најнапред го ликвидирав киното во Битола, па со целата фамилија се преселив во Ниш, но и таму по една година престанав да работам со киното. Така направив една пауза во работата со кината.

Никифор јефтик, кој веќе имаше кино во Битола, сакаше да постави тон апаратура па ми предложи заедно со брат му, Милорад, да набавам таква апаратура. Наедно ми предложи да се вратам во Битола и да раководам со неговото кино.

Така повторно се најдов во Битола. Сега во Битола имаше две кина киното на Јефтик и киното на Манаки (кое повторно беше отворено во 1924 година). Киното започна да работи со новите тон апаратури во 1931 година. Работата врвеше одлично и му конкуриравме на Манаки, зашто тој сè уште работеше со неми филмови. Но, нешто добро не може вечно да трае, па така браќата Јефтик нешто се скараа и се поделија – Никифор остана да раководи со Гранд хотелот, Милорад со киното, а jac… јас добив отказ. Потоа многу кратко време работев кај Манаки, а мислите постојано ми се вртеа околу тоа како повторно да отворам свое кино. И, како што станува во приказните, и мене ми се насмевна среќата. Таткото на мојата жена, Марко Димитров, кој се беше вратил од Америка, ми даде пари и заедно со него набавивме тон апаратура (старите апарати беа сè уште кај меке, во зградата на старото кино). Новата апаратура ја купивме од Белград, од Колудер, кој произведуваше такви апаратури.

Добивме и нова локација за киното. Toa бeще зградата на Народниот театар. Така, во 1933 година, повторно го отворивме киното. Работата потече многу убаво. Значи – да забележиме: во 1933 година во Битола имаше три кина нашето што го нарековме “Балкан”, потоа киното на Јефтик и киното на Зерде што го презеде од Манаки.

Со работата во киното престанав конечно во 1946 година..Ете, ова е мојата историја, Но, да ви кажай уште неколку важни работи. Прео со филмови се снабдувавме претежно преку Белград и Загреб, каде што имаше агентури на најпознатите светски фирми “Парамунт”, “Твенти сенчери фокс”, “Јунајтед артист”, “Колумбиja”. Земавме филмови и од Босна филм”, некои наши филмови, но нив прикажувавме. Инаку, публиката најмногу ги сакаше авантуристичките, гангстерските, љубовните филмови, потоа филмовите за Тарзан, оние со Чаплин, Бастер Китон и Ширли Темпл. многу ретко.

Второ што е многу важно да забележите: првиот тон филм со синхронизирани плочи (најдл тон) го прикажавме во декември 1928 година, а насловот на тој филм беше “Крила”, додека првата тон aпаратура со лента ја монтирав кај Јефтик во 1931 година. А да
и за немите филмови – музичката придружба ми ја обезбедуваше
музичарот Сламарот, така го викавме. Неговиот состав имаше две виолини и еден ут и тие го придружуваа дејствието на филмот.
Често пати го земав и воениот оркестар. Значи, во моето кино “Белград” деведесет отсто филмовите беа придружени со музичка илустрација. Што се однесува пак до дијалозите, нив ги преведувавме, ги испишувавме на плочи и ги пуштааме како дијапозитиви. Од тие времиња ми останаа во секава е многу интересни доживувања. Така, на пример, имаше луѓе кои седнуваа веднаш до кабината за проекција и зуењето на апаратите ги успиваше. Потоа публиката измисли една песна чиј повод беа честите прекини на проекциите во кината (или немање електрична енергија,
или дефект во машините):

“Дај Пема парите, да не си ја земиш
бељата” или “Дај Манаки парите…

Што се однесува до публиката, таа беше доста нетрпелива, за своите пари сакаше да има cè, па нема да погрешам ако речам дека дури и не знаеше што сака. Така, во кината многу често се случуваа тепаници. Една сабота одам во киното и гледам во дворот турканица, еден познат битолски лекар кренал сабја и мавта со неа. Што била работата некои праеле неред во киното и тој не можел мирно да го гледа филмот, па затоа почнал да ги брка од киното.

Бидејќи претставите се прикажуваа нонстоп имаше луѓе кои по неколку пати го гледаа филмот, односно не излегуваа од киното. Таквите моравме со сила да ги бркаме надвор. И кога ќе ги прашавме зошто така прават, тие одговараа: “Па поевтино да ми дојде гледањето”. Цената на билетите беше 3 динари. Еден ден дојде едно момче кое имаше само два динара. Кога виде дека никој
нема да го пушти во киното без билет, зеде еден шал, го затвори едното око и му вели на татко ми: Еве чичко Анастас, дај ми билет за два динара, ќе гледам со едно око”.

Една вечер се прикажуваше многу убав филм и гледачите се беа занеле во дејствие. Мува да минеше ќе се чуеше. Едно време, во салата влегоа тројца битолчани и, онака, во тишината извикаа: “Значи, еве каде р народот. Ние се чудиме Корзото празно, Битола празна, па каде е тогаш народот! И, еве, каде се скриле битолчани!”

Сеќавањата ги забележи Илинденка Петрушева