Голема улога во образованието на Тоше Проевски имаше музичкото училиште од Битола од кое Тоше беше дел и ден денес го носи неговото име и презиме.

На приемниот за соло-пеење кај професорот Пеце Митревски ја исполнил песната „Опрости ми папе“ од Оливер Драгојевиќ.

Од музичкото училиште од Битола, професорите Вилма Костовска и проф.Василчо Пецаковски ( неговиот класен раководител ), за Тоше велат дека бил дете со ѕвезда и постојано пеел низ ходниците.

Професорката Костовска се потсети на првата касета на Тоше која тој и ја подарил.

Во трета година го имал настапот на „Мелфест“, каде што освои прва награда, а потоа се редат успесите еден позади друг.

Тоше и Каролина, Екран 2000 г.

– Тоше не беше ни обично дете, ни обичен пејач, ни пак, секојдневна личност. Поради сето она што во својот кус живот го остави зад себе, тој има само ден на раѓање. Но, не и на смрт, бидејќи ќе живее вечно – истакна своевремено, сега починатиот  професор Пеце Митревски.

Извор Тера.мк