Седум медали за Кикбокс клуб Енерџи на Балканското првенство во Нови Сад

од May 31, 2026 0 коментари

Кикбокс клуб Енерџи од Битола оствари одличен резултат на Балканското првенство кое се одржа во Нови Сад, Србија. Клубот настапи со седум натпреварувачи, тренер и судија, а младите борци се вратија со вкупно седум освоени медали.

Најуспешни во битолскиот тим беа Маригона Зенуни, која освои сребрен медал во дисциплината киклајт до 46 килограми, како и Филип Талевски, кој во сениорска конкуренција се закити со сребрен медал во дисциплината лоу кик до 63,5 килограми.

Бронзени медали освоија:

  • Ертан Рашидовски – киклајт до 47 кг
  • Алексеј Василевски – киклајт до 63 кг
  • Љупчо Мегленски – киклајт до 69 кг
  • Петар Лозановски – лоу кик до 60 кг
  • Леонид Наумов – лоу кик до 63,5 кг

На шампионатот како судија настапи и Никола Бубевски, кој беше дел од официјалните лица на Балканското првенство.

Од клубот потенцираат дека ова беше настап на најмладите натпреварувачи на Енерџи, кои покрај освоените медали стекнаа и значајно меѓународно искуство во конкуренција на најдобрите борци од Балканот.

Успехот во Нови Сад е уште една потврда за квалитетната работа во Кикбокс клуб Енерџи, кој продолжува да создава млади спортисти и достојно да ја претставува Битола и Македонија на меѓународната сцена.

Babam Bitola

Comments are closed.