Денес на 21.04.2022г. во 19:00 часот во НУ ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА – Битола по повод 80 годишнината од формирањето на битолските партизански одреди беше отворена изложбата „Со факелот за слобода до победа 1942 – 2022” на авторот Петар Ставрев.
На изложбата беа преставени 100-тина црно бели и колор фотографии започнувајќи од партизанските одреди до социјалистичката изградба, збиднувања и слично кои се дел од Архивот на Битола, дел од приватни колекции и поголемиот дел на самиот автор.
Пригодно обраќање на отворањето на изложбата имаше Маја Андоновска Илијевски Директорката на НУ Центар за Култура Битола,
Стефан Бошков Претседател на Сојузот на борци, внук на Стив Наумов,
Гоце Стојановски Директор на Државен Архив
и Тони Коњановски Градоначалник на град Битола.
Изложбата две недели ќе биде отворена во фоајето на НУ Центар за култура Битола за сите заинтересирани љубители на фотографијата.