

Наградата за најдобра режија ја доби Жива Бизовичар за претставата „ЏЕКИ“, во продукција на Дрански театар од Македонија, со актерка Трајанка Илиева – Вељиќ. Жирито ја истакна суптилната работа со актерот и способноста органски да се води изведувачот низ различни внатрешни состојби, создавајќи континуиран и психолошки веродостоен сценски тек. Особено се издвојува прецизното градење на темпо-ритамот и динамиката на актерската игра.

Гран при наградата на фестивалот ја доби претставата „#НОТИ“ од Романија, во продукција на театарот „Тони Буландра“, во режија на Касандра Топологеану, со актерка Андреа Танасе. Според образложението на жирито, претставата претставува современ театарски проект кој органски ги обединува елементите на физичкиот театар со психолошката димензија и истражувањето на социјалната маска. Сценографското решение со видеопроекции и внимателно изградената звучна средина создаваат силна сценска атмосфера, во која темите на изолација, насилство и преиспитување на женственоста добиваат заокружен уметнички израз.

Наградата од публиката ја доби претставата „ЏЕКИ“, со актерката Трајанка Илиева – Вељиќ.

Со ова заврши уште едно успешно издание на Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола, кој и оваа година донесе богата програма и врвни актерски остварувања од повеќе земји, потврдувајќи го значењето на фестивалот како важна меѓународна театарска платформа.

