Уште еден голем успех за битолскиот кик-бокс и македонската репрезентација. Петар Лозановски од КБК „Енерџи“ – Битола освои бронзен медал на WAKO Youth World Championship во Италија, каде заедно со Марија Димовска ги бранеше боите на Македонија.

Лозановски настапи во дисциплината Light Contact, Younger Juniors до 60 килограми. Во четвртфиналето оствари убедлива победа против српскиот натпреварувач Вук Ловрич и обезбеди место меѓу четворицата најдобри во светот.

Во полуфиналето го очекуваше силниот Акхмед Каикантов од Казахстан. По квалитетна и борбена пресметка, битолчанецот беше поразен, со што го заврши настапот со бронзен медал – светска бронза за Битола и Македонија. 🥉🇲🇰

На Светското првенство настапи и Марија Димовска, во категоријата Light Contact, Older Juniors до 65 килограми. Во четвртфиналето таа се соочи со Полјачката Хана Тур, од која по неизвесна борба беше поразена со 2:1 на поени.

За Марија ова е прв голем настап од 2022 година наваму што го завршува без медал, но зад неа веќе стојат резултати кои сведочат за нејзиниот квалитет и континуитет.

КБК „Енерџи“ на Светското првенство имаше двајца репрезентативци, додека тренерот на клубот беше дел од македонската делегација како официјален тренер на јуниорската репрезентација.

Честитки за Петар, Марија и КБК „Енерџи“ – Битола!
Битола повторно има медал од светската кик-бокс сцена, ова е убав завршеток бидејќи КБК „Енерџи“ не беше претставен само со освојувачот на бронзата, туку со двајца борци и тренерот Александар Димовски Димсата во составот на македонската репрезентација.
