Под платото на Народниот театар во Битола е во тек второто издание на Саемот на книгата „Светот во страници“, во организација на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, како дел од програмата на БИТ ФЕСТ 2026.

Саемот започна на 14 август, а ќе трае до 17 август, носејќи богат избор од илјадници наслови, романи, поезија, есеистика, стручна и научна литература, книги за најмладите, книжевни класици, нобеловци и современи автори.
Годинава манифестацијата добива поголем опфат, со учество на Македонската асоцијација на издавачи и македонски издавачки куќи, а книгите се понудени по поволни саемски цени.
📖 Убав повод деновиве да се прошета до Народниот театар, да се разгледа понудата и дома да се вратиме со барем една нова книга.
📍 Под платото на Народниот театар – Битола
📅 14–17 август 2026
